Изложба на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје

Изложба „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе“ со најновите дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов во Музејот на град Скопје.

Извонредниот портретист од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022 година.

Изложбата ќе биде поставена во Салон 2 , во Музеј на град Скопје, а ќе се отвори на 03 јули 2023 година (понеделник), со почеток  во 20 часот.

На отворањето на изложбата, ќе се обратат: Директорот на Музејот на град Скопје д-р Панче Велков, авторот на каталогот Љубен Пауновски и кураторот на изложбата Јасмина Намичева.

You May Also Like