Друштвото на ликовни уметници на Македонија со голема жалост информира дека вчера почина нашиот уметник и професор Бранко Јакшиќ.
Јакшиќ целиот свој работен век го помина во Средното применето уметничко училиште „Лазар Личеноски“ и работеше на едукација на младите идни уметници.
Погребот ќе биде на градските гробишта Бутел денес (среда, 7.11.2018) во 14 часот.