Вечер (петок, 21 декември, 2012) во 20:00 часот во Салата на Музејот на Македонската борба за државност и самостојност, концерт ќе одржи Љубиша Кировски на виолина и виола. На програмата се дела од Бибер, Лигети, Барток и Сони Петровски.
Љубиша Кировски е роден во Тетово. Дипломирал и магистрирал на ФМУ- Скопје, во класата на професор Зоран Димитровски, со посебна пофалба CUM LAUDE. Специјализирал виолина и камерна музика на Европската Моцарт Академија во Варшава кај професорите Г.Жислин, И.Роман и Г.Такач.
Настапувал како солист со Македонската Филхармонија, изведувајќи ги Концертите во Д-дур, и ха- мол од Н.Паганини, Концертот во фис-мол од Х. Виењавски, Концертот од А. Хачатуријан (во Скопје; Софија и Сараево), Концертот Бр. 1 од Д Шостакович…. Како солист со Камерниот оркестар “Скопски Солисти“ (Вивалди, Моцарт), како солист со Оркестарот на Санкт Петерсбуршката капела изведувајќи го Концертот од В.А.Моцарт во А-дур. Во 2006 има концертна турнеја како солист со Камерниот оркестар на МФ во шест градови во Шведска, каде го изведува концертот во д-мол од Ф.Менделсон…
Концертот е во рамките на циклусот на концерти во организација на Сојузот на Музички Уметници на Македонија, а поддржан од Министерството за култура на Република Mакедонија, насловен како “PRO MUSICA” со што се одбележува јубилејот “65 години од основањето на СМУМ“