Изложба на Мифтар Мемети во Чифте амам

„4 перформанси, една идеја“ е следниот проект на професорот Мифтар Мемети кој ќе се одржи на 26 август (понеделник), во 20 часот, во објектот Чифте амам, при Националната галерија на Македонија, во срцето на Скопската чаршија.

Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно му ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10 годишен труд, инспириран од албанската историја и култура, преку 4 перформанси ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам.

На изложбата ќе се прикажани вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 поедничени дела во голем формат.

Изложбата ќе биде поставена до 1 септември.

You May Also Like