Од 29-ти до 31-ви август, Скопје ќе биде домаќин на првото издание на хорскиот меѓународен фестивал „Скопје пее“ („Skopje Sings”).
Во организација на Град Скопје и Универзална сала, десет хорови од земјата и странство ќе имаат изведби на добро познатите класични дела, но и џез, рок и современи композиции.
Фестивалот „Скопје пее“ („Skopje Sings”) е првиот меѓународен фестивал на хорови и хорска музика кој се одржува во Скопје и идејата на фестивалот е да ја донесе музиката поблиску до граѓаните и да ја претстави хорската музика типична за концертните сали на некарактеристичен начин, на улиците и плоштадите во Скопје.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во четврток (29.08) во 21:00 на Школка во Градски Парк.