Изложба на Ивона Тричковска во Мала станица

Изложба на Ивона Тричковска во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 12 декември (четврток) со почеток во 19 часот.

ИНИТ 2.0” претставува авторски ‘work in progress’ на специфично ликовно изразување провоцирано од урбаниот простор и асемантичките пишувања, визуелната драма на дезинтеграцијата и човечката трага како одраз на вродената психолошка неопходност за означување на сопственото присуство.

Проектот е обид да се акумулира времето, распаѓањето, сведоштво за неуморниот циклус на конструкција и деконструкција, своевидна визуелизација на енергијата на промени.

You May Also Like