Вчера (9 декември) почина пејачката на прославеното шведско дуо Роксет (Roxette) , Мари Фредриксон, на 61 годишна возраст…
Фредриксон изминатиов период водеше борба со болеста која ја мачеше изминатите неколку години, поради која и беше откажана последната турнеја на бендот.
Во 2002 и е констатиран мозочен тумор, со кој долги години се бореше, а дури имаше и операција за остранување на истиот.
Ќе остане запомната по бројните хитови, кои ден денес се пејат ширум Светот.