IN MEMORIAM: Почина Мето Јовановски

На 77-годишна возраст денеска (16 ноември 2023 година) почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов – Дац.

„Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук.

„Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога.

Мето Јовановски (роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

You May Also Like