Јован Балов изложува во Берлин

На 18 јануари 2013 година во Галеријата „Вединг“ во Берлин ќе биде отворена изложбата „Внатрешен круг“ во која покрај германската авторка Мариеле Бергманн и кинеската вајарка Ванг Лан, со 10 портрети учествува и Јован Балов. Портретите се реализирани во периодот од 2008 до 2012.

Куратор на изложбата е д-р Катиа Давид ,која оваа година со програма во серија од 6 изложби ќе ги презентира најзначајните актуелни берлински ликовни уметници. Балов вели: „Во нејзината изложба “Внатерешен круг” ќе се претставам со циклусот “Мојот прв круг”, 6 портрети од моето семејството, серијата од 3 автопортрети “Ego sum, qui sum” дополнети со портретот на “Christian Thomas Jügel”“.

Галеријата Вединг е градска комунална берлинска галерија која ја презентира програмата на берлинскиот сенат за култура со посебна цел афирмирмација на берлинските уметници и берлинската ликовна сцена.

Изложбата со поздравен говор ќе ја отворат Сабине Вajслер, берлинскиот државен советник за култура, и Катиа Давид програмски куратор на галеријата.

Во текстот за изложбата „Внатрешен крук“ Катиа Давид напиша: „Балов се претставува со автопортретите и портрети на неговото блиско семејство. Големиот формат на овие врвни слики ги надминуваат содржините на секоја фотографијата, наспроти хипер реалистичкото сликарство, тие слики истовремено ни откриваат парцијални делови од карактерот на личноста“.

You May Also Like