Василичарскиот концерт вечерва во МОБ

Вечерва (сабота, 12 јануари 2013) со почеток во 20:00 часот на големата сцена во МОБ ќе се изведе еден од најпознатите традиционални концерти кај нас-концертот по повод празникот Василица.

Оваа година, концертот е посветен на големиот композитор татко на операта Џузепе Верди, по повод 200 години од неговото раѓање. Во негова чест на програмата ќе се најдат познати арии, дуети,хорски делници и увертири од неговите опери, од кои некои за прв пат се изведуваат во Македонија.

На концертот ќе настапат наши истакнати оперски уметници како: Славица Петровска-Галиќ, Весна Ѓиновска- Илкова, Благица Поп Томова, Ирена Кавкалевска, Катерина Стојановска, Иван Момиров (тенор од Бугарија), Цветан Стојановски,  Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ристе Велков, Владимир Саздовски, Драган Ампов.

Ќе се изведат арии од оперите: Магбет, Риголето, Дон Карло, Трубадур, Фалстаф, Симон Боканегра, Бал по маски, Набуко, Травијата. За прв пат во Македонија ќе се изведат ариите на Нанета од операта „Фалстаф“ и аријата на Амелија од операта „Симоне Боканегра“.

Диригент е Бисера Чадловска. Настапуваат хорот и оркестарот на МОБ.

You May Also Like