Во Чифте Амам, можете од вторник до недела, во периодот од 10:00 – 18:00 часот, да ја погледнете поставката „Од класицизам кон модернизам“ која претставува вистински час по историја на уметноста.
„Од класицизам кон модернизам“ е една од колекциите на Националната галерија на Македонија во која се застапени делата на најпознатите уметници на просторот на некогашна Југославија од 19 и 20 век: Буковац, Краљевиќ, Предиќ, Добровиќ, Хегедушиќ и уште неколку значајни имиња за развојот на уметноста во овој дел од Европа.