Отворена изложбата на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски

Вчеравечер, во МСУ беше отворена изложба фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски и наедно беше промовирана книга фотографии под ист наслов, на издавачката куќа „Антолог“. Во услови на пандемија, отворањето на изложбата беше реализирано според пропишаните протоколи за организација на јавни настани.

Изложбата фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски беше отворена во Музејот на современата уметност (МСУ), а притоа се промовира и истоимената книга фотографии во издание на „Антолог“. Поставката и книгата содржат 88 колор фотографии создавани во период од десет години по улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас…

„Ги сликам оние моменти што улицата и луѓето ги нудат. Јас сум тука да им бидам на услуга и да ги артикулирам визуелно. Мигот станува вечност поради уметничката обработка – композицијата, боите, тактилноста… Немам агенда, едноставно го земам фотоапаратот секој ден и шпартам по улиците, каде и да сум во светот. Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш“, вели авторот Манчевски.

МСУ како домаќин и организатор на овој убав настан се заблагодари на искрените посетители, кои трепеливо и културно чекаа во долга редица за да ја погледнат поставката.

фото Маја Јаневска – Илиева

You May Also Like