Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска вечерва (средa, 8 јуни 2011 година) со почеток во 21:00 часот, во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 48-то издание на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“.
Претходно, во 19:30 часот, министерката за култура Канческа – Милевска заедно со градоначалникот на општина Велес, Горан Петров ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Рацин во центарот на Велес.