Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, денеска (08 март 2013 година, петок), ќе се одржи традиционалната манифестација „Жената симбол и инспирација“.
Станува збор за изложба на дела од 30-на академски ликовни уметници, на различна возраст коишто творат во различни техники, сликари, графичари и скулптори.
На изложбата со свои ликовни дела ќе се претстават Александар Јанкуловски; Марија Светиева; Фиола Конџали; Дита Старова; Евгени Пантев; Стефан Хаџи Николов; Радослав Марковиќ; Илчо Симовски; Симонида Филиповска-Китановска; Шкипе Мехмети; Искра Беличанска; Христина Зафировска; Ана Ивановска; Бојана Грујовска; Анета Ивановска-Симјановска; Маја Николовска; Маријана Марионцу-Симовска; Роберт Пашовски; Жанета Спировска-Радевска; Илина Арсова; Вера Дворска; Мелка Николовска; Наташа Бужаровска; Весна Радишиќ; Евгенија Петровска; Агрон Абдули; Маријана Петровска; Весна Ничевска-Саравиновска; Смиле Цветановски; Зоран Јакимовски; Стефан Јакимовски; Симона Јакимовски; Живка Коцева-Караџовска и Тоде Блажевски.