Започна 40-тото издание на Скопско лето

Со  Гала оперски концерт на Македонската опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40. издание на  фестивалот Скопско лето, кој традиционално почнува на првиот ден од летото 21 јуни – Светскиот ден на музиката.

Фестивалот преку избор на различни и необични локации како што се Матка,   Марков манастир, Водно, Старата скопска чаршија, Калето, Кејот на Вардар, Градски парк, плоштадите низ градот, старите маала, како и на веќе познатите простори за уметничка интерпретација ја вади уметноста надвор од стандардните простори и ја прави подостапна за сите граѓани и трагачи по културниот туризам.

И годинава централното градско подрачје и други локации низ  градот и во околината  во вечерните часови ќе се претвораат во летни сцени на културата.

You May Also Like