Националната галерија на Македонија на 18 мај 2011 година (среда), по повод 18 мај – Денот на музеите бесплатно ги отвора вратите за љубителите на уметноста.
Публиката ќе може да ги посети изложбите „110 години од раѓањето на Лазар Личеноски“во објектот Даут пашин амам, „Годишна изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности“ во објектот Чифте амам и „IV Пролетен младиски салон“ во Мултимедијалниот центар Мала станица, изложби со кои се одбележува „Јубилејот 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски“ и „100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски“.