Битола во трка за титулата лидер во културен туризам на Балканот

Делегацијата од Балканската алијанса во понеделникот ја посети Битола и беше пријатно изненадена од информацијата за сите културни активности со датуми.


На натпреварот главни критериуми за одредување на победникот ќе биде градот што одработил пропаганден материјал,како и фактот што во последните години присуствувал на културни берзи, каква била понудата, анимацијата, интересот и сл.

Битола се натпреварува за титулата лидер во културен туризам на Балканот за 2011 година. Балканската алијанса на хотелски асоцијации е организатор на ова натпреварување. Градот на конзулите ќе биде во трка со Будва (Црна Гора), Призрен (Косово), Круја (Албанија), Варна (Бугарија), Ниш (Србија) и Мостар (Босна и Херцеговина). За една недела се очекува прогласување на победникот.

Автор: Љубица Поповска

You May Also Like