Изложба на фотографии во Куршумли Ан

Во Куршумли Ан денеска ќе се отвори изложбата на фотографии „Очи за среќа“ на уметникот Гоце Ефтимов.

Ќе бидат претставени околу четириесет фотографии во голем формат, работени од 2008 година до денес, направени во македонските цркви низ целата земја.

Преку фотографиите тој се осврнува на проблематиката на злонамерното оштетување на изгледот на светците во црквите, најчесто копање на нивните очи, потпишување на самите злосторници, датум на настанот.

Композициски авторот опфаќа портрети, допојасја, светители во цел раст и детали од бројните композиции од византиската иконографија.

You May Also Like