„Вагинални монолози“ против насилството врз жената

Вечер (понеделник, 29 април) во 20:00 часот во Универзалната сала (мала сцена) ќе биде изведена претставата “Вагинални монолози“. Настанот е во организација наVday Македонија како реакција против насилство врз жената.

Во информацијата за настанот се вели:

Девојки и жени, аматерки и актерки , активистки и жени од јавниот живот во Македонија, предводени од VDay Maкедонија ќе споделат женски сведоштва за уникатни искуства со љубов, раѓање, секс, насилство, силување…

“Неможам веќе да бројам и да пребројувам. Време е да кажеме нова приказна. Тоа мора да е наша приказна, мора да биде смела и неочекувана. Мора да изгуби контрола. Мора да биде секси и да ги вклучува нашите колкови и стопала. Мора да биде бесна и малку страшна на начин на кој невремињата се страшни…“

Скопје, пази вриштат!!!

Заедно, нека не боли, да се смееме, да плачеме, да се згрозиме, да се гордееме, да се сетиме на сите нив … една силувана на секои 3 секунди …

Сите собрани средства ќе бидат јавно донирани во Кризен Центар „Надеж“.

“Вагинали Монолози” е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка.

You May Also Like