Мултимедијалниот проект „Минатото денес“ промовиран во Чифте Амам

Најпознатите и археолошки локалитети и храмови од историјата на Македонија се сместени во мултимедијалниот проект “Минатото денес“. На вкупно три ДВД –а се содржани врвно изработени петнаесет документарци, надополнети со илустрирана брошура.

Филмовите и брошурата се преведени на вкупно четири јазици, а нивната намена е да бидат своевиден презентациски материјал за странците во Македонија.

„Република Македонија е земја со непроценливо културно наследство. Земја во која древноста и археолошката мистика живеат во реалноста претставени во најразновидни форми, раритетни подеднакво на своите ендемични  и неповторливи  вредности. Фреско живописите на Јоаким Осоговски, хераклејските мозаици, величествените иконостаси во Св Спас,  Свети Јован Бигорски , чудото на природата-Куклица, мистичното Скопско, Стоби и Стибера , Кокино, Плаошник, Пантелемон, Вељуса, Старата скопска чаршија… тоа е духовната и материјална вистина за развојот на цивилизацијата на ова тло.“, изјави министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска, на денешната промоцијата во Чифте Амам.

Таа додаде дека министерството го поддржало овој проект, со цел “преку убаво спакуван видео запис, гордо да му ја раскажеме на светот нашата приказна“.

Епизода е посветена на Куклици, локалитет стар 10 милиони години, друга за мегалитската опсерваторија Кокино, додека две епизоди се посветени за Скопското Кале.

Ова издание е поддржано од страна на Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство.

You May Also Like