Изложба на Милан Андов во МКЦ

Вечер (среда, 10 април 2013) во MКЦ галеријата, во 20:00 часот,  ќе се отвори самостојната изложба на Милан Андов.

Андов ќе се престави со дваесетина дела во кој го согледува изразот на ликот под тензичен притисок и таа тенденција успешно ја остварува во овој творечки миг .

Ликовниот критичар, проф. Владимир Величковски меѓу другото во каталогот ќе истакне:

… Во ликовите на Милан Андов едното око е отворено а другото е слепо или очите се се значително дислоцирани но во рамки на интегрирачките елементи на ликот, а не на телото, како во сликите на надреалистите. Нему му се поблиски примерите на Џакомети или Бејкон, меѓутоа со внесување лични црти на вознемиреност. Милан Андов мисли и црта со прецизност која не е студена туку открива халуцинантни состојби и изразни посебности …

Милан Андов роден е 1974 година, и е во кругот позабележителни сликари од помладата генерација кој истрајува на својата определба. На Училиштето за применета уметност изучува графички техники, а подоцна на Факултетот за ликовни уметности во Скопје студира графика и графички дизајн.

Изложбата ќе биде отворена до 22 април.

You May Also Like