Изложба на Велимир Жерновски во Музејот на современа уметност

Изложба на Велимир Жерновски со наслов „ALICE, WHAT ELSE IS OUT THERE?“ од утре (среда) 22 декември 2010, па се’ до 5 февруари, 2011 година. Свеченото отварање е закажано за во  19 чадот во Музејот на современа уметност. Куратор е Мира Гаќина.

Инаку, на 8-то Биенале на млади уметници одржано во 2009 година, наградата за реализирање на самостојна изложба во Музејот на современата уметност –Скопје му беше доделена токму на Велимир Жерновски.

„Alice, What Else is out There?“ е мултимедијален проект во кој авторот комбинира различни медиуми, ги спротивставува статичниот цртеж со филмот и видеото, ги меша текстуалното со визуелното и интимното со глобалното. Темата која што ја обработува, односот на индивидуата кон светот, кон другите, кон себе самиот е слоевита и дозволува интимен пристап, но истовремено интегрирасериозен критички став кон ширењето на социјалната нетолеранција која акумулира тензии и загрижувачки дехуманизира. Еманципацијата на различното, во името на сличното и личното, инкорпорирањето на “виножитото” во глобалниот проект пред тој да се затвори во нова социјална рамнотежа на тотализирачко единство е утопискиот цивилизациски предизвик со кој авторот ја мотивира нашата генерација.

Велимир Жерновски (роден 1981 година, во Скопје) преку цртеж, видео, инсталации на објекти во јавен простор, како и пишување и издавање на уметникови книги (artist books) работи со теми поврзани со идентитетот, урбаноста, популарната култура и родовиот идентитет. Зад себе има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествува во повеќе меѓународни проекти и културни соработки. Oд 2008 година е ко-основач и претседател на Ф.Р.И.К.(Формација за развој на иницијативи во културата), програма која работи на мотивирање на социјално ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид на стереотипи и предрасуди.

You May Also Like