Утре вечер (среда, 22 декември 2010) Студентскиот парламент на „Универзитетот Свети Кирил и Методиј“ , ќе организира голема хуманитарна забава во дискотеката Б2.
Сите кои ќе присуствуваат на оваа журка нема да плаќаат влезници, но ќе треба да донесат некаков сладок подарок, кој подоцна ќе биде искористен за изработка на детски пакетчиња.
На самата журка, за доброто расположение на посетителите, задолжени се Браво бенд. Забавата започнува на полноќ. Посетете го Б2 и уживајте!