ДЛУМ со ликовен хепенинг во Галичник

По повод 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски кој е и еден од основачите на ДЛУМ во Галичник родното место на Личеноски од 14 – 17 јули 2011 година ќе организира ликовен хепенинг на кој ќе творат пет македонски уметници, Симонида Филиповска Китановска, Соња Димовска, Илијана Петрушевска, Никола Иванов –Балтон.

Ликовниот хепенинг ќе се случува во хотел Неда. На 17.07.2011 кога и ќе биде галичката свадба уметниците ќе сликаат големо платно пред селската црква. Делата од хепенингот ќе бидат презентирани на пошироката јавност во Скопје во ГАЛЕРИЈА 8 и истите те бидат наменети за добротворни цели. Настанот во Галичник ќе го посети и министерот за култура на Р. Македонија Г-ѓа. Елизабета Канческа Милевска.

Додека во петок на 15. 07.2011год во 21 часот во Галерија 8 во безистен ке се отвори изложба на Јасна Суша. Темата на серијата “Лице в лице” е индивидуалното гледиште на секој човек, ставањето себеси во рамка, контактибилноста самиот со себе, и можноста за препознавање на сопственото битие според скалата на реалноста/иреалноста. Серијата што е претставена во трудов е всушност илузија на трета димензија со вистинска трета димензија. Притоа, во голем дел претставува и своевиден експеримент, како во техниката на изработката, изборот на елементите, начинот на презентација, така и во неговата комуникативна адаптибилност. Композицијата на живо со неживо и негово претставување во комбинација на фотографија и графика доведува до создавање на фотографирана графика или графицирана фотографија ( фотографика ).

БИОГРАФИЈА

Јасна Суша е родена во Скопје 1982 год. Има завршено летен курс за фотографија и камера во Струга 1998год, како и на престижната школа на светската фотографска асоцијација WORLD PRESS PHOTO 2002 – 2004год, а дипломирала на факултетот за ликовни уметности, педагошки отсек – насока графика 2011година. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од државата, а својата прва самостојна изложба направила во 2004год со фотографии од екваторијална Африка – Габон. Има работено за повеќе дневни весници како Вечер и Дневник, неделни магазини Ла Нова, Ина, Свет, како и магазини од политички ( Зум магазин ) и економски карактер, Капитал.

Исто така свои фотографии има публикувано и надвор од рамките на Македонија, а воедно во 2004 nе учесник на фестивал за фотографија во Истанбул каде го презентирала своето портфолио и неколку фотографски стории. Во 2005 година работела на филмот “Сенки” како фотограф – документарист.

Добитник е на повеќе награди и дипломи за фотографија.

You May Also Like