Конкурс за македонски есеи на слободна тема

Издавачката куќа Феникс, распиша конкурс за македонски есеи на слободна тема. Од избраните есеи, ќе биде објавена „Антологија на македонски есеи“ која ќе биде подготвена од страна на доц. д-р Христо Петрески.

– Целта на конкурсот е да се афирмира и презентира македонскиот есеј со сите негови специфики и вредности. Право на учество имаат автори од сите генерации. На тематско-мотивски и изразно-стилски план нема никакви ограничувања, напротив, пожелни се сите содржини, искази и форми. Секој автор може да испрати повеќе есеи, а обемот на есеите да не биде поголем од пет страници, соопшти „Феникс“.

Конкурсот трае до 20 февруари. Есеите треба да се доставуваат по електронски пат на адресата: feniksmk@hotmail.com.

Антологијата на македонски есеи ќе излезе од печат во првата половина од 2013 година и ќе биде промовирана на саемот на книгата во Скопје.

You May Also Like