Утре (вторник, 23 април) во НУБ „Свети Климент Охридски“ ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право со почеток во 11:00 часот:
Свеченоста ќе се одвива по следната програма:
-Поздравна реч на дирекорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, г. Миле Бошески
– Читање на пораката на генералниот директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова
– Читање на македонската порака од поетот и есеист Никола Маџиров
– Доделување награда на НУБ „Св.Климент Охридски“ за најчитан автор меѓу двата саеми на книгата
– Н.Е. г. Ларс Вахлунд, Амбасадор на Кралството Шведска ќе подари енциклопедиско издание (11 томови) од славниот ботаничар Карл фон Лине (Linnaeus)
– Демонстрација на рачно производство на еколошка хартија
– Традиционално подарување книга и роза