Ирена Мила ја одржа својата трета самостојна изложба во центарот за „Фото и филмска култура на Србија” во Белград, на тема “SHE”. Презадоволна е од посетеноста и критиките на постетителите, од кои дел од нив беа професори на фотографија и искусни фотографи.
„Ирена Мила може да чуствува, камуфлира и љуби длабоко. Таа е суштинското значење на жената, интуитивна, типична, посебна. Таа е душата на жената, скриеното и виденото. Таа е основата на сонот. Далеку е гледачот, длабоко е слушателот со лојално срце.“ – Елена Фидановска (фотограф)
„Ирена влегува во овој свет со подотворено срце, допрено од слики кои многумина од нас ги земаме здраво за готово. Таа ја чувствуа болката на двоењето на срцето и вештата радост.
Нејзините достигнувања и искуства многумина од нас би натерале да се откажат. А на ова нејзино патување таа не понесува и нас и станува наш поглед со кој што ги гледаме нејзините чувства, наместо нејзината камера. Нејзините фотографии се секогаш лични. Таа ни дозволува да бидеме сведоци на нејзините чувства од далечина, таа не вовлекува и нас во играта.
Да, таа ја доловува тагата, загубата… но во сето тоа има надеж. Почестени сме што сме дел од секое нејзино патување. Искрено, нашиот свет малку по малку се зголемува со секоја нејизна фотографија“ – Ron Willis (поет)
Ирена Мила е родена во 1983 година, во Скопје. Две работи ја осмислуваат суштината на нејзиното постоење, нејзината ќерка Мила и апаратот. Завршила средно медицинско, а потоа ПМФ (на Институтот по биологија), а моментално е на постдипломски студии во Шведска.
Своја прва самостална изложба “ Capsula da cultura” је имала во април 2010 године во “Дом на млади” во Штип – во склоп на „RUN“ фестивалот, втората “ Milestones and Memories” во декември 2010 во Њу Делхи. Учествувала на неколку групни изложби, – Фото Салон Куманово 2010 добива прва награда за LIFE Фотографија. По втор пат имате можност да погледнете дел од нејзиниот фотографски опус на cooltura.mk.