Фестивалот има една сеопшта тема која го проникнува фестивалот, а тоа е егзилот и пишувањето во егзил истакна директорот на СВП Мите Стефоски.
„Оваа тема е присутна воопшто во историјата на книжевноста и во судбината на сите поети, од најстари времиња до денес. Тоа ќе го чуеме и во поезијата на најстариот поет присутен тука, лауреатот до најмладиот учесник, кој има песна посветена на оваа тема. Егзилот е запазен и во сценографските елементи“ – рече Стефоски.
Со традиционалното садење на дрво од страна на добитникот на Златниот венец, Адам Загајевски во Паркот на поезијата во Струга започна првиот ден од 57те Струшки вечери на поезијата, по што следуваше прес конференција посветена на него и неговото творештво.
„Наградата за мене претставува огромна чест. Ќе се онесвестев кога ја видов листата на добитници на наградата. Има легендарни поети, меѓу кои и неколку Нобеловци“ – рече лауреатот Загајевски.
Говорејќи за егзилот тој додаде: “Бев протеран кога имав 4 месеци, не се сеќавам на тој момент. Мојот цел живот е сеќавање на тоа што сум го изгубил заедно со другите што ги изгубија своите домови, села, градови. Кога ќе изгубите нешто на четири месеци значи дека кога ќе пораснете вие не сте дома. Тоа не е место што може да го наречете дом. Среќен сум што живеам во Краков, но моите пријатели забележуваат дека јас не сум роден таму. Домот е нешто што ви е дадено само еднаш.
Струшките вечери на поезијата ја преведоа и објавија поезијата на Загаевски на англиски, македонски и полски јазик, во капитално издание на 800 страници, најголемото до сега, посебно значајно за библиофилите.
Загајевски е вториот полски поет добитник на Златниот венец по Тадеуш Ружевиќ 1987 години.
Во фоајето на хотоелот Дрим беше отворена изложба „Челични Мисли“ од Маја Танева.
Свеченото отворање е вечер во 20. 30 пред Домот на Поезијата во Струга со палење на фестивалскиот оган и читањето на антологиската
„Т’га за југ“ на македонски и англиски јазик. Традиционалното читање на сите поети учесници
Годинава на Струшките вечери на поезијата гостувааат 30 поетиод 29 земји, плакатот на фестивалот е направен на 27 јазика, со стихови од Загајевски.