Графичари од регионот ќе творат во Богданци

Започна графичката работилница насловена „Софија“, на која учествуваат 17 млади талентирани графичари од Македонија и од регионот.

Работилницата ќе трае до 1 септември, а ја организира Здружението на граѓани „Графичка работилница Софија“ од Богданци. Ментор ќе биде Слободан Радојковиќ, истакнат графичар и професор на Факултетот за уметности во Ниш.

Планирано е да се одржат и две завршни изложби. Првата ќе се одржи на 30 август во Домот на културата во Богданци, а наредниот ден делата изработени за време на работилницата ќе бидат изложени во галерискиот простор на печатница „Софија“ во градот. Во наредниот период се планирани повеќе изложби во градови низ Македонија и регионот.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година.

You May Also Like