Универзална не ја издржа глупоста на политичарите!

Неколку години во моите колумни пишувам на тема Универзална:

https://www.cooltura.mk/stav/univerzalna-sala-prikazna-bez-kraj/

https://www.cooltura.mk/stav/sagata-za-univerzalnata/

https://www.cooltura.mk/stav/univerzalna-sala-ta/

Актуелната централна власт која смени пет министри, како и претходниот градоначалник Шилегов, едноставно немаа ни идеја, ни концепт, ни план – каде, како, зошто!

Го одбраа најлошото решение, да реновираат стар и времен објект. И еве до што дојде!
Време се изгуби, пари се потрошија и на крајот, НИШТО! Сега се‘ ќе мора да се руши и да се срамни со земја.

Мој предлог е да се направи сличен (да не речам ист), но современ објект, со сличен габарит. Претходно да се изгради огромна јама под целата парцела, и да се изгради паркинг на две или три нивоа, и секако депо, а најгорниот подземен спрат да биде пристапен и со влезови и со висина и за камиони и за автобуси, поради логистика.

Објектот да се врати уште пет десет метри по назад и пред истиот да има еден убав плоштад/плато со клупи, фонтана и зеленило каде би се правеле и настани на отворено, но и народот секојдневно би се собирал.

Со тоа ќе се задоволи потребата за мала концертна сала со 1500-2000 седишта, и Филхармонија нема да биде под притисок за секакви настани кои и не доликуваат за објект како Филхармонијата.

На Скопје исто така на друга локација (можеби во Аеродром на пример или некое друго место каде има ширина и простор) му треба дел конгресен центар и голема концертна сала за 3000-4000 публика, но и еден куп споредни настани и манифестации, па ќе речам дури и простор кој може да се користи како саем, експо или друг вид на манифестации. Во таков комплекс би имало и галерии, ресторани, можеби некој холет и други комерцијални објекти, истиот е најпаметно да се гради со јавно приватно партнерство, затоа што реално приватниот сектор најдобро знае да изгради објект кој ќе биде функционален и рентабилен (како пример ќе кажам: Видете ја спортската сала Јане Сандански и други објекти каде секој продавал памет).

За крај, за сево ова што се случуваше со Универзална низ годиниве, некој треба да сноси одговорност.
Шилегов падна, на ред е целата Влада. Срам да ви е, неспособни едни!

Александар Ристевски

You May Also Like