Предавање: “Грчката надворешна политика и македонското име…”

Во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, на 23 мај (четврток), во Музеј на град Скопје, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи предавањето „Грчката надворешна политика и македонското име – споредби од минатото и сегашноста“, со проф. д-р Далибор Јовановски.

Спорот помеѓу Република Македонија и Грција околу нашето право на користење на името Македонија и етнонимот Македoнец, Македонци, за жал, повеќе од дваесет години е пречка за нормален развој на нашата држава. Нашите желби за меѓународно признавање, членство во меѓународните организации (1.ОН, ОБСЕ, Совет на Европа, – до 1995 година; 2. ЕУ и НАТО) наидуваше и наидува на силно спротиставување од страна на јужниот сосед. Една од причините за таквиот став и однос на Грција кон нашата земја е и историјата. Некои велат и главна причина. Во Република Македонија, досега, малку се посветуваше внимание околу грчките тврдења за македонското минато. Еден дел од оние кои говореа за таа тема не беа научници. Малкумина се обидуваа и обидуваат да ја анализираат грчката позиција низ призмата на историјата. Затоа е потребно јавноста, повремено, да биде запознавана со некои погледи кои можат да придонесат за подобро согледување на грчките позиции и аргументи.

Далибор Јовановски е македонски историчар и професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (Скопје). Неговиот научен интерес е насочен кон историјата на Балканот, историјата на современата грчка држава и нејзиниот однос кон Македонија во минатото. Тој е автор на повеќе книги, статии и учесник на повеќе конференции во Република Македонија и во странство.

You May Also Like