Зборник за Кратово – книга прва, е прв зборник за Кратово од ваков вид кој е објавен во Република Македонија.
Во оваа книга се собрани патеписи, песни, приказни, легенди и преданија, научни трудови, истражувања, делови од книги, пропагандни написи, исечоци од весници и фототипни страници од книги на бугарски и српски јазик во кои се споменуваат Кратово и неговата околина. Можете да прочитате стари записи записи од Павел Шатев, Ефрем Каранов, Стеван Симиќ, Јордан Иванов, Јован Цвијиќ и други автори.
Зборник за Кратово – книга прва завршува со пророштвата на старците од Кратово, кои исто така за прв пат се појавуваат во јавноста како дел од печатено издание. Следните Зборници за Кратово веќе се во подготовка, содржат исечоци од книги на англиски, француски и руски јазик во кои се споменува овој регион, стари карти и мапи, спомени и сведоштва, фотографии и уште многу значајни информации за прекрасниот македонски град Кратово и неговата околина.
Книгата може да се купи за 600 денари преку фејсбук страницата https://www.facebook.com/
Следниот месец се објавува Зборник за Кратово – книга втора, а сите кои ја имаат првата книга, со втората ќе добијат намаление и мал подарок. Со купување на оваа книга поддржувате огромен научен проект за Република Македонија.