Денеска (четврток, 23 мај) во кино Милениум се закажани две премиери на моментално најактуелните филмски наслови „Star trek: Into darkness“(во 20.00 часот) и „Epic“(17.30 часот).
Покрај горенајавените премиери, се најавува и акцијата која се спроведува по повод премиерата на филмот „Мамурлак 3“( 30.05 во 20.00 часот).
Со цел пронаоѓање на „најмамурните“ кај нас, Кино Милениум одлучи да спроведе потрага по македонската верзија на автентичните филмски ликови.
Па, за сите оние кои се доволно храбри, решителни, забавни и физички слични на главните ликови од филмот Мамурлак ова е можност да бидат „ВИП – фаци“ на премиерата на филмот.
Официјалното пријавување(испракајќи фотографии, лични генералии и контакт) заинтересираните би можеле да го направат на Фејсбук страната на Градско Кино Милениум, како и на официјалниот маил: hangover3@kinomilenium.mk , а потоа ќе бидат известени дали го поминале првиот „филтер“ односно дали се избрани за „кастингот“, кој ќе се одржи на 28.05 во 12.00 часот, во Кино Милениум
Покрај ВИП-третманот на премиерата, за избраните следуваат и други награди и бенефиции.
Репертоар на Милениум:
ЧЕТВРТОК-ПЕТОК (23.05-24.05):
13:00 – Те сакам
15:00 – Железниот човек 3Д (Iron Man 3 3D)
17:30 – Eпски 3Д (Epic 3D) – Премиера
20:00 – Ѕвездени патеки: Во мрак 3Д (Star trek: Into darkness 3D) – Премиера
22:30 – Големиот Гетсби (The Great Gatsby)
САБОТА- НЕДЕЛА (25.05-26.05):
11:00 -„Крудс“ 3Д
13:00 – Eпски 3Д (Epic 3D)
15:00 – Eпски 3Д (Epic 3D)
17:30 – Железниот човек 3Д (Iron Man 3 3D)
20:00 – Ѕвездени патеки: Во мрак 3Д (Star trek: Into darkness 3D)
22:30 – Големиот Гетсби (The Great Gatsby)
ПОНЕДЕЛНИК – СРЕДА (27.05 – 29.05):
13:00 – Те сакам
15:00 – Железниот човек 3Д (Iron Man 3 3D)
17:30 – Eпски 3Д (Epic 3D)
20:00 – Ѕвездени патеки: Во мрак 3Д (Star trek: Into darkness 3D)
22:30 – Големиот Гетсби (The Great Gatsby)