Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на македонскиот Абецедар во Грција

На 16 декември 2023 година, сабота, со почеток во 11 часот, во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечена академија посветена на 98 годишнината од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција, во 1925 година.

Организатори на академијата се Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението Сонцето од Кутлеш од Скопје.

Реферати на свечената академија ќе поднесат проф.д-р Нада Јурукова, проф.д-р Елка Јачева Улчар и проф.д-р Виолета Ачкоска.

Да се потсетиме на обврските на Грција за унапредување на положбата и правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и воопшто во Грција.

Поканата е јавна и важи за сите родољуби и патриоти.

You May Also Like