Денес (15 септември 2023) започнува првото издание на фестивалот “TasteTheSouth” во градот Гевгелија.
Денес со почеток во 18:00 часот започнува првиот фестивалски ден на гевгелискиот “Вкуси го Југот” – “TasteTheSouth”.
Шаторите се поставени, музичката бина истотака, се финализираат последните подготовки на штандовите на изложувачите каде три дена посетителите ќе можат да го почуствуваат и вкусат тоа што го нуди Гевгелија и регионот. Во 18:00 часот започнува музичката програма со настап на Ансамбл Бојмија, потоа Анета Ристова Василева, Инфузиона 2, Баклава, Диверзија Миле Кузмановски, Дац и Александар и Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд.
Водител и шоумен ќе биде aктерот Сашко Коцев кој со својот настап ќе не води низ вкусовите на југот.
Денес сите патишта водат кон Гевгелија, дојдете да го вкусите југот на едно уникатно фестивалско доживување.