Доделување награда за најдобар млад џез-музичар во Македонија

Во рамките на Скопскиот џез фестивал вечер (вторник, 15 октомври) ќе биде доделена наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Наградата се доделува традиционално, трета година по ред.

Годинашен добитник на оваа награда е џез-контрабасистката Андреа Мирческа, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје која е дел од повеќе уметнички проекти во Македонија поврзани со џез музиката. Мирческа е првиот женски добитник на оваа награда од почетокот на нејзиното воведување.

You May Also Like