Концертна промоција на албумот IX9 на џез составот „Сетстат”

Утревечер (петок, 15 март) концертна промоција на албумот IX9 на Сетстат …

Искусната скопска џез формација „Сетстет”, утревечер (петок), со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, ќе го промовира во живо нивниот 9-ти по ред албум „IX9″.

  • Соработката со ПМГЏЕЗ е нова инспирација за 3Гонга. Затоа и го организираме овој концерт со сплотени сили. Сетстат е мислата, изразот на нашата генерација. Секој нивен албум е своја приказна. Тие го отсликуваат нивното, нашето скопско секојдневие и искрено се надевам дка нивното музичко секојднение ќе го пренесат и на надоаѓачките генерации. Нашата посветеност како 3Гонга е музиката, преку која сакаме, заедно со сите кои творат во земјава да оставиме длабок печат позади себе. Како што и името е во чест на радио емисијата која во свое време остави длабока трага кај тогашните генерации и беше креатор на јавното музичко мислење, во овој период 3Гонга има за цел она што порано имало можност само да се слуша на носач на звук, сега и да се слушне и види во живо“, вели Александар Пејчиновски од 3Гонга.

Музичката критика веќе се огласи и го дефинираше албумот како најкомплетен и најзрел албум досега на Сетстат. Музичарите Владан Дробицки на тромбон, Павел Дробицки на бас, Панче Бујуклиев на клавијатури, Гоце Наумов на тапани и Васко Бојаџиски на саксофон, како што ги нарекуваат – титани на современата македонската џез музика, утревечер ќе го отсвират новиот албум со надеж дека повторно ќе ги оправдаат очекувањата на џез публиката, која веќе ги доживува како еден од најискусните и најквалитети изведувачи на македонската џез сцена.

You May Also Like