Овој викенд македонската стрип сцена ќе биде присутна на одржувањето на 7-тиот по ред фестивал за стрип и карикатура „ПРИЗРЕН 2011“ организиран од страна на Асоцијацијата за стрип и карикатура „ЏЕНЕТ КОМИКС“ од Призрен.
На овој фестивал каде ќе се изложат изложени многу дела од македонски автори ,пред се од помладата генерација ќе присуствуваат автори од Турција, Италија, Албанија, Косово и Македонија, како и гости од Јапонија и Швајцарија обезбедени преку Стрип центар на Македонија со седиште во Велес. Меѓу другото на Томе Трајков од оваа асоцијација ќе му се додели посебно Признание за досегашната укажана помош и соработка со стрип авторите од Косово. Веднаш после овој фестивал Стрип центарот од Велес ќе организира своја промоција и пред стрип публиката во Приштина.
Веќе идниот викенд од 14 до 16 Октомври оваа организација, во Велес ќе го организира 9-тиот Интернационален салон за стрип. Освен од домашни, потврдено е присуство на стрип автори од САД, Јапонија, Швајцарија, Косово, Албанија, Бугарија, Србија.