Магионичари и илузионисти оваа сабота во градскиот парк

За вистинските љубители на магијата и илузијата, за сите фанови на НМАМ, во сабота на 07.05.2011 – во градскиот парк ќе се одржи настан на кои ќе бидат присутни сите членови на првата, најдобрата и единствената Асоцијација на Магионичари во Македонија.

Тие со своите перформанси ќе ви овозможат одблиску да се запознаете со магијата и илузионизмот како средство за комуникација и забава, за сите генерации.

Само во сабота (за сега) ќе имате можност да се дружите со членовите на НМАМ (Нова Македонска Асоцијација на магионичари) каде што ќе ви презентираме магија – илузија пред вашите очи (да не поверуваш што се случува), сите слободно повелете во градски парк. Немојте да не барајте – ние ќе ве најдеме! Поздрав и се гледаме!

Нова Македонска Асоцијација на магионичари

You May Also Like