Скопско лето: Проекција на филмот „Што да очекуваш кога очекуваш“

Вечер (петок, 13 јули) во 21:00 часот на летната сцена во Забавиот парк „Луна“ во рамките на Скопско лето 2012: Нескафе кино, ќе биде прикажана комедијата „Што да очекуваш кога очекуваш“.

Сега е предоцна да се повлечеш:   поглед врз љубовта низ очите на 5 поврзани парови кои, очекувано или не, имаат бебиња и ја учат лекцијата дека животот не секогаш ни го испорачува тоа што го очекуваме…

Романтичната комедија „Што да очекуваш кога очекуваш“ трае 110 минути. Режијата е на  кирк Џонс. Улоги: камерон Дијаз, Џенифер Лопез, Елизабет Бенкс, Метју Морисон, Денис Квејд, Крис Рок.

Филмот беше номиниран за тинејџерските награди.

Поради невремето, филмот „Невозможна мисија 4“ што требаше да биде прикажан вчера (четврток, 12 јули) на самото отворање на летното кино е поместен за 22 јули.

You May Also Like