„Леб и сол“ на Охридско лето

Вечер (среда, 1 август, 2012) во 21:00 часот во предворјето на „Света Софија“, во рамките на Охридско лето ќе настапи легендараната група „Леб и сол“.

Концертот е со наслов „Симфони“  и го сублимира најквалитетното од „Леб и сол“ пренесено преку звукот на класичниот оркестар, кој дава посебна димензија како резултат на нивната 35 годишна активна кариера. Во „Симфони“  легендарната група свири заедно со Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија,а под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар.

„Леб и сол“ придружувани од Jeunesses moving orchestra” со истиот проект настапуваа на Бит Фест, а синоќа го затворија и Скопско лето 2012.

You May Also Like