Денеска ( среда, 24 октомври, 2012 ) во 22:00 неповторливата Весна Петрушевска ќе ја отвори новата stand up comedy сезона во ноќниот клуб Џубокс.
Единствената жена меѓу македонските стенд ап комичари подготви кабаре со сочни муабети, музички парчиња, возбудлива женска перспектива и хумор без лицемерие и цензура.
Секогаш актуелниот и провокативен хумор збогатен со песните снимени и продуцирани во „Парамециум Студио“ кај браќата Тавитјан е гаранција за богата сесија смеење, па не е никакво изненадување што секаде низ Македонија настапите на Весна Бејби се распродадени до последно место.
По стенд ап кабарето забавата во Џубокс продолжува со свирка на Eye Cue.