„Жената која ги избриша своите солзи“ со номинација и фестивалски живот

Македонскиот долгометражен филм „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска ја доби номинацијата и влезе меѓу најдобрите 40 европски филмови кои оваа година ќе се борат за Европските филмски награди.

Сите 40 препорачани филмови ќе бидат дистибуирани до целосното членство на Европската академија која брои 2500 членови, вбројувајќи ги најголемите европски имиња на филмската индустрија, меѓу кои Вим Вендерс, Педро Алмодовар, Михаел Ханеке, Кен Лоуч, Жулиет Бинош, Кетрин Денев, Лив Улман, итн.

Филмовите кои ќе добијат официјална номинација ќе бидат соопштени во ноември на Филмскиот фестивал во Севиља, Шпанија. Церемонијата на доделувањето на Европските филмски награди годинава ќе се одржи во Малта на 4 декември.

„Жената која ги избриша своите солзи“ го продолжува својот богат фестивалски живот, така што во месец август учествува на три фестивали, на Интернационалниот филмскиот фестивал во Херцег Нови, Црна Гора, на Интернационалниот филмски фестивал Еспо, Финска, и на Интернационалниот филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина.

You May Also Like