Бендот Револт го заврши печатењето на својот прв албум Времеплов и го подарува на сите читатели на cOoLTuRa.mk , се со цел остварување на својата мисија за да се зачува и да не замре македонскиот рок.
РеВолт е бенд кој постои од 2006 година. Првите настапи ги има низ локални клубови низ цела Македонија. Со авторска музика има настапено два пати како учесник на Рок фест 2007 и 2008 година во МКЦ, потоа Демофест 2009 во клуб Кастро, гитаријада во Гевгелија и многу други…
Бендот има реализирано и неколку телевизиски настапи на две национални телевизии каде што има презентирано четири авторски нумери кои можат да се најдат на албумот Времеплов кој воедно е и прв албум на бендот.
Албумот Времеплов се состои од 11 композиции на македонски јазик кој е снимен при крајот на 2011 година а испечатен како самостојно издание во месец март 2012 година. Музиката, текстот и аранжманот се на Оливер Панев и Игор Панев. Инаку албумот може да се најде на интернет и е бесплатен за симнување.
Целта на бендот е да го оживее и врати автентичниот рок звук во Македонија, звук кој денес е измутиран и неоправдано заборавен, и се движи во погрешни правци и не еволуира. Бендот се труди да се етаблира со оргиналост и со мултидимензионален пристап кон општествените процеси и животот генерално…
За сите љубители на рок музиката, за сите оние кои што не се во можност да го набават албум, Револт реши да им го поклони албумот на сите љубители на рок звукот.
Повелете линк за бесплатно симнување на целиот албум!
Членови:
Игор Панев – Вокал и Бас Гитара
Оливер Панев – Соло и Ритам Гитара, Придружни Вокали
Стојанче(Џои) Грозданов – Тапани
Гостин на Албумот – Блуз Блузовски (Клавијатура)