На 8 октомври во Универзалната сала концерт ќе одржи единствениот Раде Шербеџија и неговиот Западни колодворни бенд. Кoнцертот е промоција на неговиот нов албум „Време је драга, време је„ а воедно е и прв концерт на Шербеџија во Скопје по 2012 година.
Шербеџија оваа година на 24ти октомври почнува со снимање на новиот македонски филм „Ослободување на Скопје“, на чело со проверената актерска екипа Раде Шербечија и Силвија Стојановска. Светската слава и успехот на истоимениот драмски текст на Дущан Јовановиќ, се главен предизвик за создавањето на овој филм.
Организатори на концертот се Баги комуникации.