Манифестација “Големата Мајка” по вторпат

Утре, (недела, о6 мај 2012 год.) со почеток во 12:00 часот на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“, во организација на општина Гази Баба и градот Скопје, по вторпат ќе се одржи културната манифестација „Големата Мајка“.

На манифестацијата ќе учествуваат Васил Иљов, Ангелина Маркус, Синтезис, Сашо Митев, Оливер Настовски, Раде Стефановски и актерите Софиа Насевска и Петко Костов.

Манифестацијата ќе ја отворат градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот Коце Трајановски.

You May Also Like