Ви го промовираме најновиот видео запис на надежниот македонски рок бенд Револт, насловен како Времеплов. Дечките се трудат да го зачуваат автентичниот рок звук во Македонија. Неодамна снимиле цел албум кој наскоро ќе го промовираат.
Револт е бенд кој постои од 2004 година, кога почнаа да компонираат своја музика. Првите настапи ги имаат по локални свирки и градовите по Македонија, потоа рок фестивали и гитаријади и бројни телевизиски настапи.
Целта на бендот е да го оживее и врати автентичниот рок звук во Македонија, звук кој денеска е измутиран и неоправдано заборавен, и се движи (не еволуира) во погрешни правци, ретко со понекоја инвентивна синергија, велат од Револт.
Главните теми и мотив во нашата музика е разоткривање на сето она што е лажно, маскирано, лицемерно, што се чини вистинито а сепак не е! Малку поинаков поглед на сите нешта, од поинаква и повеќекратна перспектива, порачуваат момците.
Револт е составен од:
Игор Панев – Вокал и Бас Гитара
Оливер Панев – Соло и Ритам Гитара, Пратечки вокали
Столе Грозданов – Тапани
(Гостин) Блуз Блузовски – Клавијатура