„Фестивалот на музика од светот 2012“ (Festival of World Music) го организира НУ Центар за култура Битола, оваа година на публиката им нуди богата програма со реномирани имиња.
Во склоп на фестивалот на 6ти Декември 2012, ќе се одржи официјална промоција на албумот „Љубојна брас фантази“ во Битола.
На 7ми Декември 2012, е првата фестивалска вечер на која ќе настапи Васил Хаџиманов, како и Каролина Гочева со изведба на нејзиниот албум „Македонско девојче“.
Популарната турска група „Баба Зула“ ќе настапи на втората фестивалска вечер на 8ми декември 2012.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија. Селектор на програмата и уметнички директор на фестивалот е Оливер Јосифовски.