Пука Козметика апелира до своите фанови, доколку зачувале некои од нивните стари траки издадени во период од доцните деведесетти наваму, да им ги испратат на меjл адресата на Токсикологија (toksikologija@toksikologijamusic.com).
На овој чекор се одлучија со цел да ги обезбедат сите нивни издадени траки за потребите на „Антологија 1996-2012“.
Пука Козметика периодов се актуелни со нивното враќање на сцена со веќе објавената песна „Од срце и душа“. Нумерата претставува најава за новиот албум „Пука да ви го напука…пак“, чии датум за официјална промоција ќе биде соопштен наскоро.