Да Џака Накот пред неколку дена го промовираше спотот за темата „Ода на гадоста“, снимен во текот декември 2010-та на плоштадот Македонија во Скопје.
Во спотот Џака ја толкува улогата на статуетка која ја раскажува приказната за 20-годишната транзиција на Македонија, во политичка и во економска смисла.
Песната е продуцирана од Ди Џеј Гоце (С.А.Ф.), со кого Џака го завршува својот шести албум наречен „Еквилибриум“.
Песната е своевидна најава за концертот кој ќе се одржи на први април во клубот Кастро, на кој ќе биде придружуван од страна на Легијата и од новите членови на Шурикен Рекордс – Римиски Масив.
Концертот е закажан за во 21:30 часот, а вратите на клубот ќе бидат отворени од 20 часот. Билетите се пуштени во претпродажба на сите продажни места на Kupikartizase.com, и вo Импакт Стор по цена од 200 денари.